Знаете дека понекогаш работите се многу поразлични, отколку што изгледаат всушност. Како што немате идеја што се крие под убавата обвивка на луксузни бонбони, така и не можете и да погодите точно што има во морската вода.
Сите знаеме за многуте и различни морски суштества, па затоа можностите се бескрајни. Со изгледот – одозгора над водата и под неа, која фрла светлина токмуна оваа тема, нè запознава австралискиот фотограф Метју Смит .
Со својот проект “Over / Under” тој ни ги претставува истовремено животот под морското ниво и над него. На прекрасните фотографии се запечатени познатите неверојатни зајдисонца, дрвја и галеби. Под нив пак гледаме медузи, корали и риби.
Ако никогаш не сте нуркале, имате страв од тоа или едноставно кажано не сте го правеле, погледнете ја нашата галерија .
Кадрите таму ќе ве запознаат со различните перспективи на морето / океанот. Сигурно ќе ви биде интересно!
