(ГАЛЕРИЈА) Најпознатиот забавен парк во Копенхаген

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Забавниот парк Тиволи е најпознатиот лунапарк во Данска, а можеби и во Скандинавија. Тој е една од омилените и најпосетените туристички атракции во земјата.98a28554d7d04f6e6ec9e27223cb7dd1

Забавниот парк е познат уште како Градината на задоволствата. Тој е изграден на местото на некогашни тврдини, приближувајќи се до главниот град на земјата –Копенхаген .

Во светот има многу значајни градини, забавни паркови и театри, но ретко е да тие се присутни заедно, на едно волшебно место. Паркот Тиволи е комбинација на историјата, финиот дизајн и забавата.

Тој е вториот најголем стар забавен парк во светот (другиот “Dyrehavsbakken” исто така е во Данска) и располага со згради и атракции кои датираат од далечната 1843 година.

Во паркот, сепак има и модерни објекти, синџири за исхрана и многу добри можности за сместување. Во исто време сите атракции се наоѓаат меѓу неверојатно убави градини со цвеќиња.

На пример, тука можете да се возите на рингишпил од 1920 година или да се качите на сцената на 150-годишниот пантомимичарски театар.

Ова лето, меѓу 3 и 12 јули, во овој парк ќе се одржи џез фестивал, во кој ќе учествуваат Тони Бенет и Лејди Гага, како и Сер Елтон Џон .4e2c720414a756eeadf31fe11ee2de38 75f552d0e2041e3dd8d855b8f0a47b8a fa6e44ee75f11b4c22bb545e9e2a3848 ecfa49e5f80199a379dc3a3edcd7aed9 b7d38e327ebc8ed5a40a0023f4090271 8d9137405a2fdb7a8cd2f6b5665cfe4d b356954bdff00a2051e2fd4be549c191 0749e21cde282ddca9b47155c7ca8add 14c497802a04cd2ee23d266da5e7ea12