(ГАЛЕРИЈА) Најромантичните ресторани во светот

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Списанието Architectural Digest направило листа на некои од најромантичните ресторани во светот.

Сите тие нудат убава, интимна и супер елегантна атмосфера, вкусна кујна со префинети јадења и се разбира неверојатна услуга. Тоа се локали од Лондон до Чарлстон, кои се идеални за една секси вечера надвор, која може да премине во страсна ноќ подоцна.

Со еден збор овие установи нудат сè што ви треба за една совршена вечера со партнерот.

Ресторанот на сликата се вика “Кло Маџоре” и се наоѓа во Лондон. Тој е лоциран во населбата Ковент Гарден и дефинитивно е еден од омилените ресторани на вљубените парови.

Клиентите можат да уживаат во француски специјалитети и да си изберат вино од големата визба на ресторанот, која вклучува над 2500 селектирани шишиња.

Видете ги останатите 13 ресторани во оваа листа подолу.

Ресторан “Арома” во Рим.  Се наоѓа на највисоко ниво на палатата од 17 век, која сега е дом на хотелот Палацо Манфред. Локалот нуди спектакуларен поглед на Вечниот град.

Ресторан “Le Meurice Alain Ducasse” во Париз. Ова е еден од најдобрите локали во главниот град на Франција. Постојат три ѕвезди Мишелин, декадентна атмосфера со грандиозен декор, инспириран од Версајскиот дворец.

Ресторан “One If by Land, Two If by Sea” во Њујорк е супер популарен во Вест Вилиџ. Тој се наоѓа во куќа која некогаш припаѓала на Арон Брус. Тоа е омилено место за предлози за брак и јубилејни вечери, најмногу поради интимната атмосфера и класичното мени.

Ресторанот “Sheesh Mahal”, Удајпур, Индија. Овој локал работи од почетокот на октомври до крајот на март и им овозможува на гостите да се хранат под ѕвездите на тераса до езерото Pichola. Традиционалната раџастанска кујна се служи на свеќи.

“Ristorante Quadri” во Венеција се наоѓа во историскиот дворец на Piazza San Marco. Романтичниот локал е убаво декориран со лустери од стакло мурано и ѕидови од дамаскин. Готвачот Силвио Џајаведони нуди класични венецијански специјалитети.

Ресторан “Метис” во Бали се смета за место со рајска околина. Внатрешноста е инспирирана од традиционалните индонезиски куќи. Ресторанот нуди француска и медитеранска кујна.

Ресторан “Da Bouttau” во Кан, Франција. Локалот е отворен во 1860 година и се наоѓа по должината на калдрместата улица во стариот кварт “Le Suquet”. Локалот е познат со својот шарм и со познатите клиенти. 

Ресторан “Nautika” во Дубровник, Хрватска. Тоа е најромантичниот локал во реонот на Јадранот и нуди поглед на куп историски тврдини. 

“The Little Door” во Лос Анџелес е едно од омилените установи на ѕвездите во Холивуд. Тука се организираат многу свадби не само поради ситуацијата, но и поради големиот асортиман на јадења од мезе со остриги до филе мињон. 

“Miami Beach Cecconi” е еден од најромантичните ресторани во САД или поконкретно во Мајами. Блескави дрвја, висечки ламби, како и пријатни каучи создаваат шармантна и стилска атмосфера во текот на ноќта. А готвачот Серхио Сигала служи свежа паста, морска храна и други италијански јадења.

“Grotto Palazzese” се наоѓа во Полиниано а Маре, Италија. Тоа романтично место се наоѓа во пештера на брегот на Јадранското Море. Гостите можат да уживаат во поглед на вода, да јадат на отворено во пештерата од мај до октомври. 

“Le Train Bleu” е друг ресторан во Париз, кој се наоѓа на станица Лион. Изграден е во 1900 година и продолжува да нуди класични француски јадења веќе повеќе од 100 години. Тоа било омилен локал на Коко Шанел, Жан Кокто и Бриџит Бардо.

Ресторанот “Circa 1886” во Чарлстон, Јужна Каролина се наоѓа во оригинален имот што задржал многу од класичните архитектонски елементи на Југот.