(ГАЛЕРИЈА) Најскапа куќа во светот: Имотот на Пјер Карден

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Култната “Bubble Palace” официјално е најскапиот дом во светот. Ексцентричната куќа е прогласена во продажба од британската аукциска куќа Кристис за сума од 455 милиони американски долари.7a963ac1cc8a1f27fabd391df4db7560

Имотот што е во сопственост на 94-годишниот француски дизајнер Пјер Карден, се наоѓа во јужна Франција, на брегот на Средоземното Море.

Куќата од 1300 кв.м. површина се наоѓа на карпа во рамките на низата L’Esterel – вулкански планински венец недалеку од Кан.

“Bubble Palace” е дизајниран од унгарскиот архитект Анти Ловаг чие желба да изгради дом, кој ќе го имитира раното домување на човештвото во пештери.

Зградата е изградена помеѓу 1975 и 1989 година, и освен со повеќе соби може да се пофали и со три базени, неколку градини, како и амфитеатар со 500 места.

Низ годините куќата, која наликува на чудно мини село, била домаќин на многу ефектни забави, ревии и настани.

Оркестарот на имотот ја повторува темата на нејзината архитектура со “балони”, па дури и диванот во дневната е со тркалезна форма.

Видете слики на уникатниот дом во галеријата!