(ГАЛЕРИЈА) Необична уметност: голи модели совршено камуфлирани со нивната позадина

од desk2
106 прегледи

Овие неверојатни фотографии прикажуваат голи модели, совршено камуфлирани со позадината на познати знаменитости, благодарение на прецизно применувана боја на нивните тела.393d4c5b00000578-3829354-one_photo_of_a_woman_sitting_on_a_fence_with_the_vast_freedom_to-a-8_1476019408462

Уметничка од Њујорк, Трина Мери која специјализира за цртање на телото, ги бои нејзините субјекти и потоа ги фотографира така што тие изгледаат како совршено да се вклопуваат со сценографијата околу нив.393d536e00000578-3829354-image-a-62_1476015607311

Позадините на нејзината необична уметност, вклучуваат знаменитости како “The White House”, “Freedom Tower”, “Grand Central Station”, “The Golden Gate Bridge”и други.

“Јас ги насликувам луѓето и со големо внимание ги фотографирам, користејќи една точка на перспектива за фотографијата. Тоа креира прекумерно реална илузија дека тие се вклопуваат со нивната околина.” објаснува Трина.393d508600000578-3829354-image-a-63_1476015612483

“Цртање на телото е најстарата форма на уметност. Јас сум фасцинирана од тоа како овие домородни белези биле користени за да се идентификуваат фазите на животот, рангови во едно племе и разлики помеѓу племињата. Ние имаме многу слично однесување и во современите општества преку она што го купуваме, модата, колите што ги возиме и куќите што ги имаме, со што сакаме да го претставиме нашиот општествен статус. Меѓутоа за разлика од  домородните племиња, нашите “белези” се хомогенизираат со околината, а нашата индивидуалност се губи. Овие фотографии го изразуваат тоа” додава таа.393d4cec00000578-3829354-image-a-73_1476015703939

Бидејќи таа работи брзо, обично и треба од 1 до 3 часа за да наслика една личност, меѓутоа работата бара тие да бидат комплетно мирни и неподвижни во една положба.

Погледните ги нејзините неверојатни фотографии во галеријата подолу!