(ГАЛЕРИЈА) Неверојатни куќи врз карпи

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Современи архитекти од Скандинавија до Медитеранот ги користат драматичните особености на пределот, за да создадат специфични згради, демонстрирајќи ја својата креативност.ec9efdd2a9d6bae5bb7ad07eb5f533db

Меѓу овие згради има такви кои се протегаат во или врз различни карпи.

Куќата на фотографијата се вика Каса Малапарте и се наоѓа на карпестиот остров Капри. Таа е сопственост на писателот и дипломат Курцио Малапарте, а е дело на италијанскиот архитект Адалберто Либера.

Вилата со црвен цементен малтер нуди одличен панорамски поглед на заливот на Салерно.

Куќата ја одигра главната улога во филмот од 1963 г. на Жан-Лук Годар “Презир” со Бриџит Бардо и Мишел Пико.

Воопшто зградите изградени / вградени во карпите секогаш имаат многу интересна архитектура, бидејќи стануваат дел од пејзажот. Тие се интересна споредба помеѓу природните особености и најхрабрите современи форми во дизајнот.

Меѓу куќите, кои стојат на карпи има вистински ремек-дела на архитектурата. Видете ги нивните слики во галеријата.