(ГАЛЕРИЈА) Неверојатниот стан на Федерико Фелини во Рим

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ако немате 3,9 милиони американски долари, не можете да го набавите луксузниот стан во Рим, кој бил сопственост на култниот италијански режисер Федерико Фелини.574261f7695f46c404517c4eac95a883

Живеалиштето се наоѓа во елитниот елегантен кварт на италијанската престолнина “Париоли”. Фелини живеел во овој дом меѓу 1956 и 1968 година, токму во времето кога зема три од петте “Оскар”-и и го прави филмот “Сладок живот”.

Фелини живеел тука во текот на 12 години, заедно со сопруга Џулиета Масина(двајцата се заедно до неговата смрт во 1993 година).

Бидејќи Фелини и Масина немаат деца, околу имотот имало доста интриги и спорови.

Станот е со површина од 280 квадратни метри и е на петтиот кат во една од најпознатите згради во областа, со поглед кон паркот “Villa Elia”.

Живеалиштето располага со три спални, ателје, кујна, трпезарија, веранда со камин, како и неколку гостински соби. Освен тоа има импресивна тераса.

Мермерните бањи и дрвениот ретро мебел во класичен стил, го чуваат духот на времето во кое Фелини живеел таму.

208f131466ae59a6229d44fda6182c6b 76f48e370cdb8ad74878c579bcd0c628 d04c2469cbe1c5a0c9a11c77ab161832 507a37decaf9e19e6c5739c286533ac0 0c49ce84d75e2570a98bd1a7c380ae4a 04dfb5666bded0c419bf758d722c43ef 4007813c0e7408c7313cc5baec6540b9 31fc512fe924f8f6505f96e7fd98d8d1 79c9acb35472f6a6f5cb797437ec4f73 ade9146e6bef2fa927367db5472d47d4 c86f9ae05c4e2cfb09affa07272e8a42 b090313bc15197c1a7487c16712983f1 32c6f6b8f09b05bc7afb0b148362d94c a543176a8b2e9699672e8255ade5eb5e ce8bb39c21ee3ada2d02c56228e59540