Неверојатни фотографии откриваат подводно светлосно шоу кое ги претвора плажите на Тасманија во најубав ноќен сјај.
Настанот е фатен од фотографот Брет Чатуин, а неонско сината вода цвета во северозападниот брег, боејќи убави слики.
Интересниот призор се јавува кога милијарди едноклеточни алги или растителни планктоно, познати како “морски сјај”, се иритирани од бранови и струи. Кога тоа ќе се случи, едноклеточните организми заблескуваат, создавајќи сина светлина во водите околу нив.
Самиот Чатуин вели дека за прв пат станува сведок на таква појава во оваа област на Тасманија.
Иако е тешко да се одреди кога кристалносините води ќе се вратат, експертите велат дека феноменот може да се претвори во туристичка атракција. Тие додаваат дека за првпат морскиот сјај е забележан во Сиднеј Харбор во 1860 година.
Во 2000 година се забележува поместување на југ, а засега е трајно во Тасманија. Има податоци дека океанските струи и затоплувањето на водата придонеле за тоа. Дефинитивно демонстрира спектакуларно проширување на опсегот во последните 20 години.
Слики на морскиот сјај во Тасманија може да видите во нашата галерија .