Повеќето жени не го оставаат домот без да си стават градник. Во светот на шоубизнисот, сепак се јавува нов тренд.
Сè повеќе ѕвезди од модната, музичката и од филмската индустрија се осмелуваат да се појавуваат на светски настани без овој суштински дел од долната облека.
Меѓу ѕвездите кои минуваат гордо по црвениот тепих без градник се убавици како Наоми Кембел, Ким Кардашијан, Салма Хајек и Кендал Џенер.
Некои од нив предизвикуваат восхит со своите цврсти и добро затегнати гради, изложени на екранот, но други отворено ги тераат фановите да се згрозуваат од недостатокот на вкус.
Веројатно повеќето од познатите дами кои се носат без градник, немаат проблеми со самодовербата и не се срамат од фактот дека папараците можат да ги фатат во непријатна поза.
Овие жени навистина не се заинтересирани за она што некои луѓе го мислат за нивниот избор да не носат градник.
Видете ги сликите на ѕвездите кои одбиваат да носат градник во галеријата.