Ѕвездите наметнуваат нова мода и таа е носењето на костими за капење и долна облека од кадифе. Ова всушност е тренд од 90-тите години, кој личности како Кајли Џенер во последно време се одлучиле да го преродат.
Има една компанија Skaya, која беше формирана во Њујорк од руски модел и дизајнер Олесја Сенченко која ги произведува и лансира предметните кадифени бикини, а ги рекламира најмногу во Instagram.
Моделите се во речиси сите бои.
Многу луѓе не се убедени дека облека за на плажа од кадифена ткаенина е практична, освен ако во неговиот состав не содржат најлон и ликра, конците од кои се прават ткаенините за пливање.
Инаку како крој моделите се навистина импресивни.
Видете ги фотографиите на моделите костими за капење од кадифе во галеријата.