Овие обоени прозорци од земјата, гледано од птичја перспектива изгледаат како ѕидни панели, насликани со пастели, нели? Но, не се тоа.
Прекрасните шарени фигури претставуваат езера со обоена вода во разни бои.
Разнобојни езера кои ги гледате на сликата, се т.н. испарувачки базени . Компанијата која ги користи, е најголемиот производител на калиум хлорид во САД. Езерата се наоѓаат по должината на реката Колорадо, на околу 30 километри западно од Моуаб, Јута.
Езерата заземаат површина од околу 1,5 километри. Оградени се од специјални гумени огради. За да се постигне брзо испарување на течностите и екстракција на солите се користат специјални бои .
Откако калиумот и солите ќе останат, тие се собираат за специјална обработка.
Езерото Солт Лејк во Северна Америка е едно од најголемите солени езера во светот. Кога во 1860 година се наметнува изградба на огромен пат низ езерото, инженерите се поставени пред голема пречка.
Големото солено езеро се простира на 4400 квадратни. километри и е најголемото внатрешноконтинентално солено езеро на територијата на САД.
Откако железничката пруга е изградена, овој пат станува прв трансконтинетален железнички јазол кој минува низ таков огромен воден базен. Наречен е Пасифик Рејлроуд (Pacific Railroad), поминувајќи низ планината од Луси дури до северниот крај на езерото до Бригам сити, а на југ до Огдон.
Езерото Натрон во северниот дел на Танзанија е исто така солено езеро. Се наоѓа на границата со Кенија, а на североисток се граничи со кратерот Нгоронгоро.
Зачудувачкото црвено езеро е сместена меѓу вулкански кратери. Најнискиотдел се наоѓа на 600 метри надморска височина. Се смета дека Натрон е најбогато природно езеро со сода бикарбона.
Езерото е богато со минерални топли извори. Релативно плитко е – длабочината не надминува 3 метри. Минералниот и хлороводороден состав на езерото се менува во зависност од нивото на водата и натриум карбонат.
Хат лагуна е солено езеро во Западна Австралија . Се наоѓа на устието на реката Хат. Водата во езерото е розова поради присуството на два вида алги кои произведуваат органски розово-портокалов пигмент наречен бета-каротин. Овој пигмент се користи како природна боја во различни производи и лекови.
Хат лагуна е најголемиот природен екосистем, претворен во природна фарма за алги наменети токму за добивањето на овој пигмент.
Уште зачудувачки кадри од обоените езера во светот погледнете во галеријата подолу.











