Убавицата Џиџи Адид го објави во продажба својот стан во квартот Сохо, Менхетн, Њујорк, за сума од 2,45 милиони американски долари.
Според медиумите супермоделот се одлучил да купи друго живеалиште во Менхетен, но поблиску до тоа на нејзината најблиска пријателка во последно време – поп-ѕвездата Тејлор Свифт .
Што се однесува до овој стан, тој е првото самостојно живеалиште на 20-годишната русокоса и не е чудно што на каучот во дневната соба се наредени мечињата.
Имотот всушност е сопственост на мајката на Адид – поранешниот дански модел, Јоланда Адид Фостер.
Во принцип, Џиџи е од доста богато семејство и е одгледана во Лос Анџелес, но заради својата кариера на модел веќе некое време живее главно во Големото јаболко.
Станот на партнерката на Џо Џо има две спални, две бањи и голема тераса со прекрасен поглед кон градот.
Видете фотографии од елегантниот стан на моделот во галеријата.