Ова е една од најубавите островски држави лоцирана на архипелагот на Индискиот Океан.
Сејшели – неверојатно егзотично место што нуди извонредни погледи, забава, вкусна храна и кокос во изобилство. Во близина на Сејшелите се Маурициус и Реунион, Коморите и другите островски групи.
Сејшелите некогаш биле пиратско засолниште. Според легендите, познатиот пират Оливие Левасур го скрил богатството во вредност од повеќе од 160.000 долари, што останува мистерија.
Островот птица е дом на најтешката копнена желка која живее во дивината. Се вика Есмералда и тежи 340 килограми.
Викторија, главниот град на Сејшелите, е најмалиот главен град во светот и може лесно да се разгледа за помалку од еден ден.
И секако, покрај бујната вегетација, Сејшелите изобилуваат со така вкусниот и омилен кокос.
Како изгледаат откријте во галеријата.