ГАЛЕРИЈА: Протести за „Монструм“, повредени полицајци и уапсени демонстранти

од Vladimir Zorba
488 прегледи

Денеска се одржа протест поради незадоволството на семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ и пресудите за првообвинетите.

Протестот почна од паркот во Чаир и учесниците во протестот продолжија да маршираат маршираат кон судовите, а планирано беше протестот да заврши пред Влада, каде се очекуваа и изјави за медиумите. Но полицијата не им дозволи на учесниците на протестот да се упатат кон судовите и тие своите изјави почнаа да ги даваат пред Мавровка.

Учесниците на протестите предизвикаа тензии и фрлаа со предмети кон полицискиот кордон кој не им дозволува да продолжат со маршот кон Основниот суд во Скопје и кон Собранието. Има и повредени од двете страни, при што интервенираше и Брзата помош.

Според извори од МВР во инцидентите се повредени седум припадници на полицијата.

Фото: Борче Поповски