Роузи Хантингтон-Вајтли го покажува најдоброто од себе во новиот број на магазинот ELLE, Кореја.
Британскиот модел носи облека на Burberry за насловната и за сликите внатре. Емотивната убавица, која е свршена за акциониот актер Џејсон Стејтам, е фатена од објективот на фотографот Дажамај.
Роузи е рекламно лице на брендот Burberry и со оваа фотосесија таа всушност ги покажува најинтересните елементи од есенската колекција на брендот и тоа на еден доста сексапилен начин.
Витката, долгонога русокоса носи широки пижами, меки џемпери и модерни мантили, а сето тоа го демонстрира со вистинска класа и стил.
Видете ги сликите на прекрасната партнерка на Џејсон Стејтам во галеријата.