Англичанец и Американка реновираа стар школски автобус на неверојатен начин, претворајќи го во модерен мобилен дом. Деби и Габриел Мајс имаат четири деца на возраст од 2 до 10 години. Тие одлучија да купат и реновираат школски автобус, претворајќи го во нивен дом, продавајќи ја својата куќа во Илиноис, која била со големина од околу 500 квадратни метри.
Причината за оваа одлука е дека и двајцата сфатиле дека пространиот дом не ги прави среќни и дека со помал дом ќе се чувствуваат повеќе фокусирани еден на друг. Претворањето на автобусот во дом ги чинело околу 40 илјади американски долари.
Обновувањето траело шест месеци. Идејата за промена на нивниот живот доаѓа од Деби, која до неодамна се чувствувала депресивна од фактот дека нејзиниот сопруг работи премногу напорно, и двајцата ретко имаат време еден за друг.
Таа му понудила на Габриел мобилен дом за патување низ целата земја. “Во почетокот тој беше малку скептичен, но и двајцата знаевме дека треба да направиме нешто за да се вратиме повторно во нашите емоции”, вели Деби.
До денес, семејството поминало 3000 милји во нивниот домашен автобус, поминувајќи низ Тенеси, Арканзас, Оклахома, Канзас, Колорадо, Вајоминг, Јута и Невада, и конечно во Калифорнија.
Деби е убедена дека животот во автобусот го зближило нејзиното семејство заедно, и дека децата добиле повеќе слобода. “Живеењето во таков мал простор може да изгледа стресно, но имаме многу повеќе можност да разговараме, децата можат да го истражуваат светот, нашите животи се многу поедноставни и поминуваме многу повеќе време надвор”.
Деби раскажува дека нејзиниот сопруг одлучил да оди на Алјаска или Мексико на нивното следно патување со автобус. Брачните другари, сепак, веруваат дека е време да се изгради дом во северниот дел на Калифорнија, а потоа да се даде автобусот на Airbnb.
Погледнете слики од реновираниот училишен автобус во нашата галерија!
Фото: dailymail.co.uk/mediadrumworld.com