„Screen Actors Guild Awards“ или еснафските награди на актерите најчесто се предвесниците за одликувањата на „Оскарите“, но минато-вечерашната церемонија беше се освен стандардна вечер.
Иако имавме доста очекувани победници како Ема Стоун, Виола Дејвис и Stranger Things, вечерта ја одбележаа и многу политички говори, емотивни заблагодарувања и секако… ѕвездени стајлинзи.
Во продолжение погледнете во што позираа ѕвездите на црвениот тепих, пред да зачекорат во салата и да го следат доделувањето на наградите.