(ГАЛЕРИЈА) Софија Буш ги отвора вратите на својот дом во Холивуд Хилс

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Актерката Софија Буш ги отвори вратите на својата вила во Холивуд Хилс, специјално за обожавателите во Instagram. Прекрасната ѕвезда, позната од серијата “Пожарникарите од Чикаго”, “Полицајците од Чикаго” и “Три Хил” покажа дека е вистински естет во однос на внатрешниот дизајн.bf6b6b574759277e3016b2301674ca1b

Софија, која освен што е актерка е активист и филантроп, открива интерес за антички и винтиџ мебел од разновидно потекло.

“Сакав овој простор да има атмосфера која е истовремено модерна, романтична и еклектична”, вели Буш.

Таа работела со внатрешниот дизајнер Александар Рид во обликувањето на домот, за да стане вилата огреана од сонцето, смирувачка и удобна околина, во која со радост ќе го пречекува семејството и пријателите.

Во станот на Софија има рачно правени марокански теписи, антички дрвени фотелји со ленен тапацир и бронзени детали.

“Светлината во Калифорнија е толку убава што ако живеете тука не треба да ставате ништо на нејзиниот пат”, го објаснува недостатокот на завеси Буш.

Видете ги сликите на домот на актерката во галеријата.

Слични содржини