Српскиот модел Софија Милошевиќ успеа да се пробие во светот на модата, благодарение на совршените пропорции.
Русокосата убавица позира на плажа во секси костим за капење и златен накит, специјално за новиот број на списанието Esquire, Мексико.
Жешката Софија е фатена од објективот на фотографот Фабрицио Скарпа. Блондинката носи модели на некои од најпознатите брендови, вклучувајќи Michael Kors и Philipp Plein.
За 25-годишната мис Милошевиќ, се знае дека е екс девојка на српската тениска ѕвезда Виктор Троицки, а во моментов излегува со фудбалерот Адем Љајиќ, кој играл за италијанските гиганти “Рома” и “Интер”, а во моментов за ФК “Торино “.
Во интервјуто за списанието Софија вели дека сонот ѝ е да ја изберат за ангел на Victoria’s Secret. По сè изгледа дека има предиспозиции за тоа.
Видете ги сликите на убавицата во галеријата.