(ГАЛЕРИЈА) Стилско бегство во бутик вила во Боцвана

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ви претставуваме нова, суперлуксузна вила во Боцвана, која се вика “Sandibe Okavango Safari Lodge”.93895e46284e5f87a852be2cf3ed86c0

Таа се наоѓа на навистина убаво, оддалечено место во срцето на делтата на Окаванго – место кое е на листата на УНЕСКО за светско и културно наследство.

Вилата се наоѓа меѓу дивината, е дизајнирана од врвните архитекти со бројни награди – Николас Пломан и Михаелис Бојд.

Поради заштитениот статус на земјата, градежништвото во регионот беше голем предизвик и треба да одговара на повеќе строги барања.

Сè во зградата требало да биде изградено од биоразградливи материјали направени од флората и фауната. 70 отсто од енергијата требало да доаѓа од обновливи извори.

Заоблената главна зграда е создадена од прекумерно ламинирани борови греди, канадски кедар, еукалиптус и друго дрво.

Инаку хотелот кој личи на животното армадило, располага со 24 легла, со луксузни бањи и нуди храна, карактеристична за најдобрите хотели во светот.

Архитектите избираат да ја направат вилата како армадило поради неговата срамежлива, нестварна и целосно безопасна природа.

Видете слики на уникатната вила во галеријата.