Свадбата, свадбеното патување се моменти, за кои се подготвуваме долго. Сакаме сè да биде совршено, да зачуваме убави спомени кои ќе нè задржат топли цел живот. Една заљубена двојка избрала да ги задржи своите волшебни моменти, со тоа што ќе ги сними не само со камера, туку и со дрон.
Од неколку метри височина кадрите се повеќе од влијание. Свадбениот проект е наречен “Flying World Pictures” и успеал да фати огромна убавина на тиркизна вода, палмите и белите песоци, но најмногу магнетизмот наречен љубов.
Ако и на вас ви претстои свадба, романтично патување или друг посебен семеен настан, не двоумете се да го фатите со помош на дрон. Уште убави кадри видете во галеријата.