Тамара Еклстоун живее во раскошна куќа со 57 соби, но во нејзиното секојдневие таа користи само 4.

32 годишната ќерка на Берни Еклстоун, шефот на Формула 1, признава дека постојат огромни делови од нивниот дом, во кој таа живее со сопругот Џеј Ратленд и ќерка им Софија. во Лондон кои таа воопште не ги користи и не влегува во собите. Сепак инсистира дека огромниот простор е добар, кога ги посетуваат гости.

“Дефинитвно постојат соби, во кои не сум влегла со години. Јас не го користам базенот и не сум била во кугланата многу одамна. Обично користам само 4 соби, но ми се допаѓа да имам голем простор кога доаѓаат луѓе на гости” изјави таа во неодамнешно интервју.
Богатата девојка вели дека нејзиниот живот не е толку гламурозен, откако ја родила ќерка и Софија. Таа повеќе не ги носи нејзините скапи дизајнерски фустани и “Birkin” чанти, во вредност од илјадници евра, туку поголемиот дел од времето е облечена во хеланки.

Тамара никогаш не поминала некое време одвоена од Софија, која ја вика Фифи и таа инсистира дека не чувствува “мајчинска вина”, затоа што знае дека прави се што може за нејзиното мало девојче.
“Јас се грижам за моето дете и имам сопствен бизнис(линија за производи за коса “Show Beauty”), немам време за ништо друго. Можам да и дадам се што ќе посака, но знам дека најголемиот подарок нема врска со пари, туку само да бидам со нејзе. Одбрав таа да нема дадилка, јас да бидам таа што и ги менува пелените, да ја носам во паркот, да ја дојам и да ја заспивам. Како мајка, мислам дека правам одлична работа се додека таа е среќна ” додава Тамара.

Таа исто така “дефинитивно” планира да има уште деца во иднина.
“Мојот идален број е 3. Имав царски рез со Фифи, затоа што бев преплашена од болката, но со наредната бременост сакам да се породам по природен пат. Сакам уште некое време да уживам само со Фифи, но дефинитивно ќе имам уште деца. Тоа што станав мајка е најдоброто нешто ми се случила и го правам тоа најдобро што можам” вели Тамара.