(ГАЛЕРИЈА) Томи Хилфигер го продава кичестиот дом за 27 милиони долари

од Vladimir Zorba
59 прегледи

65-годишниот моден креатор Томи Хилфигер неодамна го објави еден од омилените имоти за продажба. Неговиот летен имот во Голден Бич, Флорида, проценет на 27 милиони долари, тргна со елан кон пазарот за недвижнини. Многу е веројатно сепак да му пукне гума и да се задржи таму за долго, многу долго време.

Во 2013 година Томи и неговата сопруга Ди Оклепо ja купуваат зградата за сума од 17 милиони долари. Веднаш по склучувањето на договорот тие го ангажираат популарниот дизајнер на ентериер Мартин Булард, кој за непознат хонорар го претвора убавиот средоземноморски имот во кошмарен ентериер.

Дворците на Томи има 1 300 квадратни метри површина. Во овој колосален простор се сместени 7 спални, 12 бањи, дневна, неколку салони, мокар бар, трпезарија, кујна, личен кабинет. За забава на семејството Хилфигер се грижи кино, соба за игри, салон за забави, фитнес сала со билјард маса и надворешен базен. Имотот е изграден на неколку метри од морскиот песок.

Многу е непријатно кога ќе наидеш на погрешниот дизајнер. Станува уште полошо, кога проектот му се реализира … Дури богатите понекогаш се зезнати. За што зборуваме, погледнете во галеријата.