Таа имаше голем повод за забава, нејзиниот 20-ти роденден. Моделот реши да го прослави својот голем ден во еден тренди клуб во Њујорк, со нејзините пријатели и семејството. Заедно со нејзината мајка Јоланда Адид и нејзиниот дечко, познатиот пејач “The Weeknd”(Абел Тесфаје), Бела се упати кон клубот.
Очигледно и таа го следи најновиот моден тренд на Ким Кардашијан, како што беше облечена во метален проѕирен комплет(краток топ и сукњичка) фалејќи се со нејзиниот неверојатно затегнат стомак и долгите секси нозе.
Во меѓувреме, некои од нејзините најблиски како Хејли Болдвин, Наоми Кембел, Џиџи Адид, Кајли Џенер, фотографот Расел Џејмс споделуваа честитки преку социјалните мрежи.

Таа дефинитивно има повеќе од една причина за славење, бидејќи ова беше одлична година за Бела која се појави на бројни корици од разновидни списанија и дефилираше на речиси сите светските модни писти на изминатите модни недели.