На лето стилистите се обидуваат да селектираат и воведат трендови кои не само што се убави, но и многу практични.
Несомнено преовладуваат собрани фризури кои внесуваат свежина во инаку бескрајно топлите денови.
Се разбира, ѕвездите не остануваат рамнодушни на новововедени трендови во фризурите и се натпреваруваат кој да ги наметне како главна асоцијација кон себе.
За пролет-лето 2016, плетенките дефинитивно се водечки тренд. Погодности кај нив е дека се прават лесно, обезбедуваат огромен спектар на фризури и држат ладно во лето.
Од безгрижни и романтични стилови до ретро и супер шик, познатите дами наоѓаат примена на плетенките за секоја пригода.
Имиња како Даутцен Крус, Карла Клос, Тони Гарн, Кара Делевин и Наташа Поли се само дел од специјалната селекција фризури со плетенки.
Погледнете ја галеријата и соберете неколку добри идеи за пролет-лето 2016.