Во Железничкиот музеј во Белград вандали влегле и направиле хаос.
Уништени се предмети од непроценлива вредност.

„Ова е еден вандалски чин. Тоа не е само наше, тоа е општо добро, предметите се од непоценлива вредност“, вели дирекоторт на музејот Ненад Војчиќ.
Тој вели дека музејот со години се чува и се одржува, но немоќни се пред ваква деструктивност.
Надлежните се известени, а се чека да се најде сторителот.