Исланд е местото кое можете да го наредите во своите пет врвни дестинации за патување. Островската држава е една од најпознатите северни точки на Европа и поседува специфичен шарм.
Единственоста на Исланд не се должи само на фактите дека ова е една од најбезбедните земји во светот, дека не располага со војска, туку и дека таму е позициониран најголемиот вештачки леде тунел во светот или пак дека 80% од енергијата на островот се приносот од еко извори.
Најдалечната страна го маѓепсува секој човек кој ќе ја посети, поради својата неверојатна глетка.Кристално чистите езера, вулкани, величествените зелени долини, гејзери и снежни планини – ова се само дел од природните убавини, кои може да ги погледнете во Исланд.
Понекогаш зборовите едноставно се непотребни или пак недоволни, еве зошто е убаво секој расказ да биде визуелизиран. Само пред еден месец полскиот фотограф Јакуб Поломски ја посетува островската држава, поминува две недели таму и пропатува 4000 километри со автомобил.
Резултатот – сеќавања за цел живот и фотографии кои нè тераат да мислиме дека Исланд е како волшебно место кое излегло од бајките. Некои од кадрите се снимени од дрон и даваат уште подобра идеја всушност колку величествена е природата во оваа држава.
Влезете во нашата галерија и уверете се!