(ГАЛЕРИЈА) Вистински луксуз: Спа Шанел во Ritz

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Во 2012 година, спа делот на Ritz беше затворен за реновирање, за да отвори врати повторно во јуни 2016.e57a075d5ec749c49043fa0f368784b3

Хотелот се наоѓа на култното место Place Vendôme, а новостите во него ја вклучуваат првата во светот на бањата на Chanel.

По четири години на реновирање, новиот хотел открива претрупан и шик ентериер.

Вниманието дефинитивно се насочува кон специјално дизајниран од модната куќа спа центар што располага со богати фрески, позлата, култниот неокласичен базен и свилени ткаенини, сите во едно, за да создадат апсолутен максимален луксуз на просторот.

Главната инспирација доаѓа од величествениот стан на самата Коко Шанел на улицата “Камбон”.

Самата основачка на истоимената куќа била постојана клиентка на хотелот во текот на цели 40 години.

Прогласена за неоспорна кралица на современата убавина, Шанел сигурно би ја одобрила новата локација на својот бренд.

Луксузниот спа центар вклучува пет соби за процедури, каде можат да се пробаат 5 масла, крстени по најпрепознатливите во целиот свет парфеми Chanel N ° 5, 19 и 22.

Спа-то нуди искуство за сите сетила – релаксација како на телото, така и на духот.

Можете да го разгледате спа центарот на Chanel во нашата галерија.