(ГАЛЕРИЈА) Во францускиот дворец на Дејвид и Викторија Бекам

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Викторија и Дејвид Бекам го делат својот живот помеѓу Англија и САД и навистина немаат време за својот имот во Јужна Франција.62e6f5d547ba20522a5fe4bcf33ff392

За разлика од Анџелина Џоли и Бред Пит, кои поминуваат доста време од летото во своето француско Шато, тогаш семејството Бекам, ја претпочита куќата во сончевата Калифорнија.

Можеби затоа ѕвездената двојка го објави во продажба убавиот имот за сума од 2,7 милиони евра.

Познатите сопружници купија луксузна куќа во 2003 година, таа се наоѓа во француското село Баржемон, во близина на Азурниот брег.

Според извори блиски до двојката, Викторија и Дејвид потрошиле уште 5 милиони евра за поправки и реновирање на имотот (кој бил стара фарма) за последните 13 години.

Имотот што е изграден во 19-тиот век, има инфинити базен и поглед кон живописната француска провинција. Покрај тоа двокатната куќа има капела и стан за гости со самостојна тераса која гледа кон бујна убава градина.

Куќата е убаво декорирана и беспрекорно уредена.

Според медиумите, Бекам го продаваат имотот, бидејќи започнале голем ремонт на лондонското живеалиште во Холанд Парк.

Видете слики од францускиот имот на семејството Бекам во галеријата.