(ГАЛЕРИЈА) Во куќата на Алек Болдвин во Хемптон

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Алек и Хилари Болдвин ги отвораат вратите на обновената куќа во Источен Хемптон, специјално за новиот број на списанието ELLE Decor.ff2c11f9b44a5ec410735bb22bb129e3

Таму Холивудскиот актер и неговата сопруга, која е јога инструктор, бегаат од урбаниот живот во Њујорк, како и од љубопитните очи на жолтите медиуми.

Куќата на сопружниците се наоѓа во Лонг Ајленд и е изградена во 18-тиот век. Актерот го купува домот во далечната 1995-та година, многу пред да се сретне и заљуби во родената на островот Мајорка бринета.

Хилари, која неодамна роди трето дете на Алек, открива дека за реновирање на куќата ѝ помагале дизајнерот Даниел Романов и градежникот Брајан Маникс.

Додека Алек редовно патува до Њујорк и Лос Анџелес по работа, Хилари го поминува главно времето тука, заедно со 3-годишната Кармен, 1-годишниот Рафаел и новороденото бебе Леонардо.

Сега, четири години откако се венчаа, сопружниците изгледаат како уште постабилно семејство, а развојот на нивната врска и промените во приоритетите се забележуваат и од нивната куќа.

Видете слики од елегантната куќа на Алек и Хилари во галеријата.