(ГАЛЕРИЈА) Во уметничкиот дом на Кара Делевин

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Најдобриот модел Кара Делевин го покани списанието Архитектонски Дајџ во својот нов дом во Лондон. Убавицата што неодамна се докажа и како актерка покажала дека нејзиниот дом е чуден како нејзината  специфична личност. Кара има музичка соба со неонски знак на љубов.

Според авторите на статијата, куќата на Делевин е малку како уметничка куќа. Можеби затоа што до неодамна живеела официјално со своите родители, но поминувала повеќе време во хотелите во текот на изминатите осум години поради нејзините континуирани работни патувања.

Овој дом во Западен Лондон е нејзиниот прв дом. Тој е шарен, уметнички, има високи тавани и големи прозорци.

Помош за декорот на домот Кара добила од својот пријател дизајнер на ентериер Том Бартлет, основач на Waldo Works, чија клиентка исто е Џегер (ќерката на Мик).

Бартлет вели за весникот дека го проектирал ентериерот на домот на Кара кога се советувал со неа преку FaceTime од различни континенти и временски зони.

Погледнете ги фотографиите од моделот во  домот во нашата галерија!

Фото: architecturaldigest.com