Во Брисел втор ден на невидени мерки за безбедност при највисоко ниво на терористичка закана. Продолжува потрагата на Салах Абдеслам кој по нападите во Париз, според сведочењето на сведоците, се вратил во Белгија на 14 ноември.
Според информација на RTL белгиските власти бараат можеби уште еден терорист. Претходно вчера полицијата уапси нов осомничен за врски со нападите во Париз. Во домот и автомобилот му е пронајдено и оружје.

Информацијата е на белгиската државна телевизија, која Федералната обвинителство подоцна потврдила. Веројатно станува збор за Мароканец на 39 години, жител на бриселскиот предградие “Жет”. Уапсениот е обвинет за учество во терористичка група.
Станиците на метрото во Брисел остануваат затворени, масовните манифестации се откажани, затворени се сите театри, кина, музеи, галерии и концертни сали. Одложени се фудбалските натпревари.
Македоснкото Министерство за надворешни работи преку амбасадорот Еленовски извести дека македонсците кои во голем број живеат во Брисел и околината се прдржуваат кон насоките дадени од безбедносните служни и се чувствуваат безбедно.