(ГАЛЕРИЈА) Жените кои стојат зад пин ап моделите на минатиот век

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Тешко дека има човек кој никогаш не видел спектакуларна слика со пин ап жените кои  станаа толку популарни во средината на минатиот век. Од нив зрачи деликатна еротика и сексапил. Заедно со холивудските убавици, пин ап дамите се вистински секс симбол во тоа време. А, и до ден-денешен.2e33221ed68c773e847d1506a78609e9

Нивниот творец е уметникот Џил Елвгрен кој изгледа не ја користел имагинацијата целосно, за да ги создаде “непостоечките” слики. Всушност Елвгрен ги слика пин ап жените врз основа на вистински слики, во кои позираат вистински дами.

Се разбира, реалните жени како секој човек имаат свои недостатоци, кои уметникот вешто ги преправа. На некој начин Џил Елвгрен ги поставува основите на денешниот фотошоп.Тој ги прави пин ап жените послаби, со долги нозе и долга коса. Тој го бара совршенството, иако самата Мерилин Монро рекла дека убавината се крие токму во несовршенството.

Влезете во нашата галерија и разгледајте кои се сликите кои се кријат зад познатите пин ап цртежи.