(ГАЛЕРИЈА) Жешки тела 2016: Хејли Болдвин

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Само за неколку месеци ќерката на актерот Стивен Болдвин (брат на Алек) – Хејли стана ѕвезда и вистинска сензација во светот на модната индустрија.c2dab512157656aca07c5c588f6b04f4

Убавата 19-годишна русокоса, ја сними новата рекламна кампања за Tommy Hilfiger Denim, а освен тоа неодамна беше прогласена за новата девојка на Guess, наследувајќи ја својата добра пријателка Џиџи Адид. Самиот дизајнер на брендот Пол Марчиано изјави дека мис Болдвин е 100 пати посекси отколку што очекувал.

Фото: Guess

Покрај тоа долгоногата ѕвездена наследничка е лице на австралискиот бренд за луксузни додатоци The Daily Edited, како и на брендот за капење Triangl.

Минатата година прекрасната Хејли беше поврзувана со Џастин Бибер, а во почетокот на оваа – медиумите ја поврзуваат во афера со раперот Дрејк.

Освен тоа таа е интегрален дел од друштвото на најактуелните млади во општеството на Ел Еј, имено Кендал и Кајли Џенерр, сестрите Бела и Џиџи Адид, Џејдон и Вилоу Смит и др.

Видете ги сликите на жешката Хејли во галеријата.