Луи Томлинсон од бандата One Direction доби прекрасeн нов имот во Лос Анџелес. Пејачот си купил куќа за 7,3 милиони долари во престижниот кварт Холивуд Хилс.bb840ade3bccf170478e18c1f7518308

Луксузниот имот на 24-годишниот изведувач ги има сите удобности вклучувајќи: инфинити базен, домашно кино, винарија и самостоен бар.

Луј, кој е роден во Јоркшир, се пресели да живее во САД, не само затоа што сака да гради кариера како соло пејач во САД, но и затоа што Американката со која тој имаше кратка врска, му роди син – Фреди само пред неколку месеци.

Предметната куќа е изградена во 1937 година и може да се пофали со неверојатен панорамски поглед на градот на ангелите.

Внатрешноста на зградата е мешавина од артдеко и модерен стил. Куќата располага со четири спални, шест бањи, модерна кујна, огромна трпезарија.

Куќата на Луи е недалеку од новиот дом на неговите колеги од бојбендот – Хари Стајлс и Најл Пипл кои исто така неодамна се здобија со имот во ЛА.

Истражете ги сликите на неверојатната куќа во галеријата.