Бела Адид одлучи да ја засени својата постара сестра Џиџи и сними разголена фотосесија за новиот број на Vogue, Париз.
19-годишната дрска бринета ја краси насловната на француското модно списание заедно со моделот Тејлор Хил, а двете се облечени на основниот кадар.
На внатрешните слики сепак, Бела одлучила да покаже повеќе, слично на својата 21-годишна сестра, која исто така ја покажа голата фигура во списанието, но пред четири месеци.
Прекрасната Бела позираше за неколку прекрасни црно-бели фотографии, дело на фотографите Mert Alas и Marcus Pigott.
За разлика од русокосата Џиџи, која во својата сесија сепак ги покри брадавиците на градите, Бела позира топлес, без каква и да е скромност, а освен тоа и погледот и е многу секси.

Фото: Vogue

Фото: Vogue
Двете ќерки на супермоделот од 80-те Јоланда Фостер се едни од најжешките девојки на неговата генерација и има зошто да се гордеат со своите тела, а освен тоа се гледа дека позираат и со минимална количина шминка, обложувајќи се на својата природна убавина.

Фото: Vogue