Група демонстранти на протестот предводен од ДУИ насилно ги турнаа тарабите на местото на кое се гради 55-метарски крст во скопски Бутел и почнаа да поставуваат албански знамиња и шатори во кои веројатно ќе кампуваат, објави Радио Слободна Европа.

B5B6814E-DAA7-4B56-8523-FBD5C745CC3C_w640_r1_s1

Градоначалникот на Чаир Изет Меџити изјави дека не планираат да се тргнат од местото. Тарабите беа урнати додека функционерите на ДУИ даваа изјави за новинарите. Поединци ги спречуваат новинарските екипи да го снимаат настанот. Демнстрантите запалија и една палма. Иако има бројно полициско присуство, полицијата сè уште не реагира.

10414411_10154703286704466_3983380882658580564_n

12823111_10208567322050831_1315272316_o1-717x380[1]

Неколку илјади граѓани, предводени од владејачката ДУИ, денеска излегоа на протест против градењето на крстот во скопски Бутел. Протестот почна пред стадионот во Чаир. Демонстрантите веат албански знамиња и носат транспаренти на кои пишува: „Политиката надвор од верата“, „Не сакаме Скопје што ќе се претвори во Белфаст, Ерусалим или Бејрут“, „Ова е клин, а не крст“, „Оваа земја е секуларна“… На чело на протестот се високи функционери од владејачката ДУИ.

12823111_10208567322050831_1315272316_o-280x500[1]

12788560_1414541851902608_1955081530_o-600x450[1]

Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.

Порталот А1он објави и видео снимки од протестот и од демолирањето.

видео – А1он

видео – А1он

Фото – РСЕ/Шења

 

Слични содржини