
На ден 19.08.2020, советничката во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова пред целокупната македонска јавност даде изјава каде што непосредно изнесе низа на невистинити факти за в.д. директорот на ЈУ Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски.
Во изјавата, советничката ги изнесе следните невистинити факти:
„Дали во присуство на директорот на ЈП „Улици и Патишта“ бил и директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски Чомбе? Каква е улогата на Чомбе и дали и тој бил претресен за поседување дрога? Што уште треба да се случи Шилегов да поднесе оставка, кога двајца негови директори се вмешани во огромен скандал? Дали е вршено притисок врз полицијата да се преиначи делото од продажба на наркотици во поседување наркотици за лична употреба? Дали МВР се замолчува под налетот на партиските јурушници на Заев? Зошто институциите се ставаат во заштита на криминалци, но и зошто се ставаат во раце на криминалци?“
Со вака изнесените лаги пред целокупната македонската јавност, покрај тоа што советничката Ирена Попова директно нападна државна институција надлежна за безбедноста на граѓаните, исто така нанесе навреда и клевета, како и ненадоместлива штета на честа и угледот на в.д. директорот на ЈУ Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски.
„ Барам јавно извинување и повлекување на изјавата од советничката Ирена Попова која изнесе невистини за мене. Ниту сум бил таму, ниту ме претресле, ниту пак МВР нешто крие. Со оваа опомена пред тужба, сакам да помогнам во борбата против лажни вести и клевети кои одредени поединци ги шират за институции, граѓани и одговорни лица“, изјави Галетановски.