Галетановски: Не сум бил со поранешниот директор на „Улици и патишта“, ќе ја тужам советничката од ВМРО-ДПМНЕ доколку не се извини

од Nikola Popovski
409 прегледи

По обвинувањата на Ирена Попова, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, дека директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски бил во присуство на директорот на ЈП „Улици и патишта“, кога бил уапсен со кокаин, и дали него намерно не му бил извршен претрес, се огласи и лично Галетановски.

Тој тврди дека ниту бил во присуство на поранешниот директор на ЈП „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ, ниту бил претресен за поседување на дрога.

„Еве дека сака да биде актуелна госпоѓица ирена јавно ќе и одговорам дека дрско лаже,дека мвр не крие ништо и дека нит сум бил таму нит ме претресле некаде. Воедно ќе и порачам дека ако не ми се извини јавно ќе добие тужба за клевета и нарушување на углед. Госпоѓице ирена. Имате нови 4 години за да се докажете кај новото раководство на дпмне, така да пробајте се во глумата сигурен сум дека покрај другите способности ве бива и за тоа“, стои во реакцијата на Галетановски.