Галетановски: Никаде и никогаш не сум изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Никаде и никогаш не сум изразил мизогени и сексистички навреди кон ниедна жена. Ако независната кандидатка некаде се пронашла навредена бидејќи сум прашал дали е независна и сум искоментирал дека потценува интелигенција јавно и се извинувам, бидејќи не сум знаел дека тоа спаѓа во мизогенија и сексизам, реагираше директорот на Скопската ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, откако беше обвинет од ВМРО-ДПМНЕ дека упатил погрдни зборови на сметка на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, подржан од опозициската партија – Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и мизогинијата на директорот на Петре Шилегов, Ѓорѓи Галетановски. Истовремено ќе ги известиме сите претставници на меѓународната заедница, соопшти партијата на Христијан Мицкоски.

„Мизогинијата на Галетановски е недозволива за демократско општество во 21 век и е одраз на стравот од пораз на Шилегов. Паниката и нервозата на Галетановски е одлика на Шилегов кој знае дека губи. Четири години Шилегов нема ништо направено за Скопје. Нема капитални проекти, ништо од ветеното не е реализирано. Шилегов и Галетановски се неработници. Шилегов и Галетановски паѓаат на избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини