Галетановски за грозоморниот случај во ЗОО: Сакам да го погледнам во лице тој што ги заклал коњите

од Vladimir Zorba
508 прегледи

Град Скопје вчера го разреши новиот директор, Кристијан Стаменов, бидејќи неговата одлука за усмртувањето на коњите е спротивна со заложбите за хумано чување и одгледување на животни.

Според првичните информации, коњите биле наводно запленети од дрвокрадци. Стаменов првично изјавил дека добиле 16 животни, а оние кои биле болни биле усмртени и намерата била да завршат како храна на месојадните животни.

Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски по тој повод се обрати на Фејсбук.

„Сакам да го погледнам во лице тој што ги заклал. Нема шанси да е некој од вработените Зоо Скопје е институција што треба да се грижи за благосостојба на животните. 16 коњи…Жално e многу, немам што да кажам освен да се грижите за животните и да ја оставите Зоолошка на вработените и на посетителите“, сподели Галетановски.

Слични содржини