63
Месната заедница на Галичник упати апел до „Македонија пат“, Општина Маврово и Ростуше и Јавното претпријатие за државни патишта, барајќи итно решавање на проблемот со пристапот до Галичник, кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација.
„Според законските прописи, регионалниот пат до Галичник мора да биде постојано прооден. Дополнително, во селото веќе три недели нема улично осветлување, а од денеска, поради дефект на 20-киловолтен далновод, Галичник е и без електрична енергија,“ се истакнува во апелот.
Месната заедница потсетува дека во Галичник живеат постојани жители, а многумина сопственици на имоти имаат обврски кои бараат редовен пристап до селото. Затоа, се повикуваат надлежните институции на брза и ефикасна интервенција.