Gallup за 2016 : Само 25% од Македонците очекуваат ек. просперитет, 30% не очекуваат, 38% се неутрални…

од desk3
399 прегледи

Просечно околу 51% од Македонците себеси се дефинираат како среќни, покажува годишниот студија на Галуп интернешнл “Крај на годината” што ги проучува можностите, очекувањата, ставовите и убедувањата на 66 040 луѓе од 68 земји низ целиот свет.

download

“Во однос на среќата, во одминатата година Македонија е земја каде 51% се одредуваат како среќни, 11% -несреќни, 35 % се неутрални , а останатите не сакале да одговорат “, објавија аналитичарите.

SREKJA

Очекувањата на Македонците за 2016 година, се измешани. Дури 34% се оптимисти, а 25% – песимисти. Цели 34% се неутрални и 5% не сакале да одговорат, а останатите не дале одговор”, иако далеку од крајности, дополнуваат од Галуп.

PODOBRA GODINA

Вкупно 25% од Македонците очекуваат 2016 година да биде година со економско подем, а 30% со економски тешкотии, 38% се неутрални, , а останатите не сакале да одговорат.

PODOBRA Ek. GODINA
Во меѓувреме најсреќната земја за 2015 година е Колумбија. Таму нето вредност на среќата е цели 85%. Таа е проследено од Фиџи, Саудиска Арабија, Азербејџан и Виетнам. Најнесреќни се во Ирак, каде нето вредност на среќата е -12%.

„Стратфор“ со негативни предвидувања за Македонија за 2016 година

Вкупно 66% од луѓето во светот се среќни, покажува истражувањето на Галуп. Ова е за 4% помалку во однос на 2014 година каде 23% не се одредуваат ниту како среќни, ниту како несреќни. 10% велат дека се несреќни. Малку над половина од испитаниците – 54% веруваат дека 2016 година ќе биде подобра, а 24% – дека ќе е иста како 2015 година. Најотпимистично настроени се во Бангладеш, Кина, Нигерија, Фиџи и Мароко. Најмногу песимистички се расположени во Италија.

 

Целото истражување ТУКА