Галовеј: Продолжете со реформите не поради ЕУ, туку за подобрување на животот на граѓаните

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Северна Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото. Поради ова, Северна Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови, изјави во интервју за МИА го истакна британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Напомена дека Северна Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови.

– Се надевам дека прашањата ќе бидат решени наскоро, но во меѓувреме, најважното што Северна Македонија треба да го направи е да продолжи со реформите не за ЕУ, туку бидејќи тие ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е најважно, истакна амбасадорката.

Слични содржини