Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, беше воодушевен по убедливата победа против Лил (7:1). Сепак, тој негираше дека пред тимот е поставена задачата да ја заврши сезоната во Лига 1 без пораз.
„Нема ништо слично. Можеби некој од играчите спомна нешто во соблекувалната, но не личност од стручниот штаб или управата“, категоричен беше Галтие.
„Голот на Мбапе во 8. секунда? Го трениравме и мило ми е што успеа. Мораме да им оддадеме признание на моите колеги од штабот. Тешко дека повторно ќе видиме таков гол. Ако ги следите првенствата на Шпанија или Германија, можеи да најдете тимови кои постигнуваат исти голови“, рече Галтие.
Против Лил, Килијан Мбапе постигна хет-трик, негов трет во календарската година. Претходните три беа против Ван (3 јануари), Клермон (9 април) и Мец (21 мај).
Пред ПСЖ, само Ремс во сезоната 1952/53 постигнал 5 или повеќе голови во 4 последователни натпревари во француската лига.