Значителен процент Бугари не се согласуваат Бугарија да прави отстапки во спорот со Северна Македонија. Ова го покажува телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“, цитирана од бугарска „Нова“.
Според неа, 70% од испитаниците се против Бугарија да го укине ветото за пристапување на Северна Македонија во Европската унија.
Скоро 20 проценти се на спротивно мислење. Останатите се уште се двоумат.
Анкетата е спроведена помеѓу 14 и 16 јуни меѓу 890 возрасни Бугари.