Речиси половина од Американците (47%) сметаат дека Доналд Трамп “премногу брзо” се зафати со решавање на проблеми кои стојат пред земјата. За тоа сведочат објавените резултати од анкетата, спроведена од Gallup.

На луѓето им е предложено да ја проценат брзината со која новиот претседател пристапил кон решавање на основните проблеми во земјата.
Резултатите од истражувањето покажале дека 35% ги одобруваат активностите на Трамп, 10% сметаат дека Трамп не е доволно брз во решавањето на прашањата, 7% не можеле да одговорат.
Од Gallup потсетуваат дека на почетокот активностите на претседател Барак Обама во 2009 година е оценувани позитивно од 63% од Американците.
На учесниците во анкетата им е предложено да ги проценат доенсените декрети на Трамп: 42% од испитаниците го поддржале миграцискиот декрет за 90-дневна забрана на граѓани од 7 држави да влезат во САД, 38% го поддржуваат указот за изградба на ѕид долж границата со Мексико, 36% ја одобриле забраната во САД да влезат бегалци од Сирија.