Галуп: Трамп заминува со најнизок рејтинг досега

од Nikola Popovski
329 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оваа недела ќе ја напушти Белата куќа со најнизок рејтинг од почетокот на неговиот мандат, имајќи предвид дека само 34% од Американците ја поддржуваат неговата работа, покажуваат резултатите од анкетата на истражувачката компанија „Галуп“.

Агенцијата потсетува дека просечниот рејтинг на Трамп за време на мандатот бил 41 процент, што е за четири проценти помалку од сите негови претходници откако Галуп започна да собира податоци, објави агенцијата АФП на својот профил на Твитер.

Поддршката за учинокот на Трамп падна на 35 проценти во претходните анкети, што беше најзабележително во 2017 година, кога тој не го осуди собирот на белите врховисти во Шарлотсвил, Вирџинија.

Последната анкета беше спроведена во неделата помеѓу 4 и 11 јануари и се совпадна со немирите на Капитол Хил, кога приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот.

Трамп имаше највисок рејтинг на почетокот на 2020 година кога се соочи со импичмент во Сенатот под обвинение дека извршил притисок врз Украина да му помогне во обвинувањата против Џозеф Бајден, како и на почетокот на пандемијата на коронавирусот, кога Американците веруваа дека тој добро одговорил на ширењето на вирусот.

Слични содржини