Гамалеја: Вакцинираните со Спутник V без тешки симптоми ако се заразат

од Nikola Popovski
440 прегледи

Во случај ако лице кое е вакцинирано со руската вакцина Спутник , се зарази со Ковид-19, тој брзо ќе закрепне, без сериозни симптоми, објавил денеска Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Оваа информација се појавика откако пристигна веста дека претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез (62) бил тестиран на коронавирус откако бил вакциниран со Спутник V, пренесува ТАСС.

„Жал ни е за претседателот Фернандез. Спутник V е 91,6 проценти ефикасна против инфекција и 100 проценти ефикасна против појавата на тешки форми на коронавирусот. Но, ако болеста се потврди кај вакцинирана личност, тој пациент ќе има брзо закрепнување, без тешки симптоми. Ние му посакуваме брзо закрепнување за претседателот Фернандез“, се вели во соопштението на Институтот „Гамалеја“.

Утрово аргентинскиот претседател потврди дека е позитивен на коронавирус и дека се чувствува добро.

Слични содржини