Гандалф е најавантуристичката мачка што некогаш се појавила на социјалните мрежи. Имено, неговите сопственици раскажуваат за медиумите дека Гандалф обожава да шета и да патува. Го научиле на оваа навика уште кога бил стар само неколку месеци.
Но, она што е интересно е неговото позирање кое собира илјадници лајкови на Инстаграм. Тој седи мирно а неговите сопственици го фотографираат во различни земји. Инаку Гандал прошетал низ 8 држави во САД до сега.


